Илиоски: Да не беа опструкциите од СДС основната реставрација на Офицерски ќе беше веќе започната

Од:

„Грижата за младите не се покажува само со убави желби и зборови туку со конкретни мерки кои првенствено ќе значат создавање услови за отворање нови работни места.

И до сега се покажа дека невработеноста се намалува преку директни инвестиции ( и домашни и странски) кои ќе обезбедат вработување за младите.

Инвестициите во индустриската зона „Жабени“ и во иднина очекуваме да бидат главниот мотор за локалниот економски развој на Битола заедно со интензивните градежни активности во новата населба Златен рид.

Во тој правец ќе продолжиме да ја подигнуваме атрактивноста на Индустриската зона со повеќе инфраструктурни проекти, меѓу кои само за изградба на нова улична мрежа во тој мал индустриски град во нашата Програма предвидуваме буџет од 12 милиони и 500 илјади денари.

Да, Офицерскиот дом е важен за Битолчани и за негова реконструкција имаме предвидено 1 милион евра со конкретни предлог содржини и намена за кои допрва заеднички со граѓаните ќе дебатираме, но убавата зграда на Офицерски нема да ни обезбеди нови работни места.

СДС има најмалку право да зборува за Офицерски , затоа што пред само два месеци со Ребалансот на државниот Буџет ги пренамени веќе обезбедените еден милион евра и со тоа ја спречи и одложи реконструкцијата на зградата која, не е спорно, дека е украс на нашиот Широк Сокак.

Да не беа опструкциите од СДС основната реставрација на Офицерски ќе беше веќе започната“, изјави Зоран Илиоски – Кандидат за градоначалник на Битола од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата За Подобра Македонија.

Би можело да ве интересира

Вучиќ ги објави резулатите од локалните избори: Убедлива победа

Адеми: Овие избори беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата

Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на општината

(ВИДЕО) Мицкоски: Ветивме победа, имаме победа, ова е триумф на верниот народ

Горан Наумовски

Орце Ѓорѓиевски води во Скопје, Амар Мециновиќ е втор

Катерина Ѓуровски

Се гласа од 7 до 19 часот

Горан Наумовски