Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана, по повод седумгодишнината од формирањето, додели благодарници на поединци и здружение за нивниот придонес за зачувување на македонскиот идентитет, култура и традиција.
– Одлучивме блгодарници да доделиме на поединци и на едно здружение за нивниот научен и стручен ангажман и перманентните активности во насока на зачувување и одржување на македонскиот идентитет на припадниците на македонското национално малцинство во Република Албанија. Тие покажаа особен придонес за животот, историјата, културата и зачувување на автентичната македонска традиција во Албанија. Со тоа, помагаат за подобрување на секојдневието на македонското национално малциство во Република Албанија и афирмација на македонското друштво „Илинден“, изјави претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај.
Добитниците на благдарници се Вело Цфарку, проф. д-р Илинден Спасе, Ѓорѓија Џорџ Атанасовски, проф. д-р Васил Дрвошанов, Фатри Фетаху, Арманд Мија и здружението „Илинденски Марш – Христо Узунов“ од Охрид.
Mакедонско друштво „Илинден“ е формирано на шести февруари 2009 година. Континуирано работи на заштитата на етничкиот, јазичниот, културниот идентитет и национални традиции на македонското национално малцинство во Република Албанија. Има добра соработка со многу македонски асоцијации на Блакнот.