Илијев: Во Кочани ќе создадеме конкурентна локална економија

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани од СДСМ, Николчо Илијев денеска истакна дека за успешен локален бизнис потребна е инфраструктура, унапредување на јавните услуги и поедноставна регулатива.

– Но, тоа не е доволно. Потребни се иницијативи за иновирање и меѓусебно учење, со што ќе се создаде конкуретна локална економија која ќе создаде нови и подобро платени работни места. Така ќе има повеќе пари за граѓаните. Централната власт ја активира спиралата на покачување на платите. Ќе добиеме директна поддршка за домашните фирми, пред сѐ за малите и за средните претпријатија, рече Илијев на средбата со новинарите во Кочани.

За младите, посочи, ќе отвориме центар за отпочнување и развој на бизнис. Нагласи дека ќе ја вклучуваат бизнис заедницата во дефинирање на приоритетите на општината.

– Ќе воведеме бизнис форуми како редовна активност за проектирање и следење на локалниот економски развој. На општина Кочани и треба побрз локален и регионален развој. Само со добра економија може да има подобар живот за сите, додаде Илијев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО