Илијев: Ќе работиме чесно и посветено, во Кочани ќе се гради плански

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани од СДСМ и Коалицијата „Живот во Македонија“ Николчо Илијев претставувајќи ја програмата најави дека доколку ја добие довербата од граѓаните ќе работи посветено и чесно, оти во општината ќе се гради по план и ќе се обезбеди инфраструктура за сите.

За таа цел, истакна Илијев, ќе ја приспособиме целата постоечка урбана и рурална инфраструктура за да биде во функција на граѓаните, ќе градиме одговорно, квалитетно и домаќински, за секој граѓанин да добие решение кое ќе му го подобри животот во неговата средина и ќе ги намалиме разликите помеѓу градските и селските средини.

-Како еден од главните инфраструктурни проекти ќе биде воспоствување на нов сообраќаен режим и асфалтирање на сите улици. Затоа ќе понудиме нов начин на регулирање на сообраќајот во Кочани, Исто така во нашата програма имаме предвидено и изградба на катна гаража, со цел да се регулира паркирањето во градот, рече Илијев на денешната прес-конференција.

Додаде дека со овие проекти, ќе биде олеснето движењето на сите учесници во сообраќајот, а безбедноста подигната на највисоко ниво.

Во програмата за наредните четири години Илијев најави изградба на старечки дом, реконструкција на градскиот парк, гасификација на градот, изградба на младински центар, изградба на детски градинки и друго.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар

СДСМ: Две недели нема лекови на Онкологија – пари за тендери има, за живот нема

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО