Илијев: Ќе изградиме општина со мобилни канцеларии

Од:

Кандидатот за градоначалник на Кочани од СДСМ, Николчо Илијев, денеска рече дека граѓаните ќе ги добијат сите потребни услуги на едно место, и од органите на локалната и од органите на централната власт, како и дека ќе воведат електронски систем на услуги и мобилни канцеларии кои ќе нудат услуга во секое село.

– Граѓаните се најважни при креирањето на буџетот, во носењето одлуки и во контролата на власта. Буџетските средства мора да се користат строго наменски, домаќински и одговорно. Граѓаните мора да бидат известени што е сработено со нивните пари. Така ќе имаме ефикасна, ефективна, транспарентна и одговорна општина. Така ќе имаме задоволни граѓани, истакна Илијев.

Тому затоа, рече Илијев, гарантираме почитување на сите граѓански иницијативи и демократски механизми како петиции, претставки, референдуми.

– Ќе градиме проактивен однос кон граѓанинот, заснован на човечност и толеранција. Ја враќаме моќта на месните и урбаните заедници, ги опремуваме со технички услови и го зајакнуваме нивниот правен статус. Воведуваме нов модел на отворена и услужна локална самоуправа, општина за сите, рече Илијев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски