Илија Димовски нема да учествува на Конгресот: Раководните лица и органи не овозможија услови за демократски Конгрес

Од:

Илија Димовски преку Фејсбук статус соопшти дека нема да учествува на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој што денеска и утре се одржува во Валандово, бидејќи раководните лица и органи во партијата не создале услови за демократски Конгрес, кој би ја отсликал волјата на членовите.

-Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата, пишува Димовски и додава дека на ВМРО-ДПМНЕ му е потребен нов концепт на отвореност, транспарентност и демократија.

Претходно и Антионио Милошоски најави дека нема да учествува на Конгресот на партијата во Валандово бидејќи смета дека тој има демократски дефицит и нелојална конкуренција.

Целиот Фејсбук статус на Димовски:

„Со жалење ги информирам делегатите на Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ дека нема да присуствувам на Конгресот затоа што раководните лица и органи во партијата не создадоа и не овозможија услови за демократски Конгрес кој реално ќе ја отслика вољата на членовите.

Овој Конгрес не го носи со себе легитимитетот на широкото и големо членство на ВМРО-ДПМНЕ. Има политички дефицит и јасни одрази на креирање на состојба на формален избор на веќе одлучено решение, без вклученост на нашите местни и општински комитети, ветераните и сите членови на партијата.

Моите забелешки не се од персонални причини, туку станува збор за принципиелни и концептуални разлики.

ВМРО-ДПМНЕ беше првата политичка партија која во Македонија ја промовираше идејата за демократија, слобода и плурализам. Така мора да биде и сега.

ВМРО-ДПМНЕ беше предводникот на патриотските, прогресивните и граѓанските сили кои се бореа за силна, демократска и европска Македонија. Така мора да биде и сега.

ВМРО-ДПМНЕ беше партија во која членовите видоа алтернатива на комунизмот, едноумието и анационалните структури од минатото.

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребен нов концепт на отвореност, транспарентност и демократија. Партијата мора да ги обнови и создаде старите партнерства и мора да биде прифатена како сериозна и единствена алтернатива на лошата и неуспешна власт на СДСМ.

Но, ВМРО-ДПМНЕ тоа може да го покаже само низ сопствен пример на прифаќање на некои свои грешки и пропусти, нивно исправање и силна енергија која ќе покаже дека и членовите и граѓаните, без разлика на нивната етничка и верска припадност, ќе може да прифатат дека ВМРО-ДПМНЕ е столбот врз кој може да се гради демократија, слобода, економски напредок и здрава и силна држава.

ВМРО-ДПМНЕ во минатото направи многу добри проекти во економијата, инфраструктурата, земјоделието, социјалните права на граѓаните, за Армијата, за младите, за претприемачите и пензионерите. Затоа не смее да покажува знаци на демократски дефицит и знаци на неспремност за прифаќање на различно мислење и во рамките на себе и надвор од своите структури.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го надмине и овој период на внатрешни потреси и повторно ќе биде силна партија.

ВМРО-ДПМНЕ мора да остане единствена затоа што и е потребна на Македонија. Останувам дел од партијата за да помогнам во тоа. Останувам посветен на нашата идеја, борба и идеологија, онака како што најдобро знам, со целиот свој капацитет.

На ВМРО-ДПМНЕ му е потребно единство низ заеднички и широко прифатени одлуки.

ВМРО-ДПМНЕ е завет, наследство и верба во подобра иднина за Македонија и сите нејзини граѓани. Таа била и ќе остане столбот на идејата за Македонија“ напиша Димовски.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов