Илија Димовски бара „Титаник“ да запре со судења дури не се расчистат дилемите

Од:

Илија Димовски, обвинетиот пратеник во предметот „Титаник“ на СЈО рече дека сите обвинети во предметот мора да имаат увид не само во доказите, туку и во списите на предметот, алудирајќи на увид во писмото на Катица Јанева. Тој побара одговор за правната основа за застапување на предметот од Обвинителството.

Димовски праша и каде е заснован работниот однос на обвинителката Лиле Стефанова и дека според нивните информации таа се’ уште е обвинител од СЈО, а разрешената јавна обвинителка, Катица Јанева е осомничена во истрагата „Рекет“.

Во однос на овластувањата од Љубомир Јовески, Димовски ја претпостави следната ситуација: “Тоа значи дека може Џафери без предлог од премиерот и гласање од пратениците да достави јавно овластување за министер за внатрешни работи за лице за кое тој мисли дека треба да му го додели”, рече Димовски.

„Судот треба да запре со оваа постапка до давање одговор на овие прашања, во врска со минимим две начела: економичност на постапката и заштита на правата на обвинетите“, дополни Димовски.

Покрај Никола Груевски во предметот „Титаник“, во предметот обвинети се и Билјана Бришковска-Бошковски, Мартин Протоѓер, Илија Димовски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Едмонд Темелко, Кирил Божиновски, двајца од Агенцијата за разузнавање: Киро Тодоровски и Мунир Пепиќ, како и уште 11 други лица.

Би можело да ве интересира

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Рочиштата на Титаник, Ласкарци и Жан Митрев одложени поради самиотот на ОБСЕ

Изборот на нови судии во Апелација, може да ги врати „Ласкарци“, „Титаник“ и „Талир“ од почеток

Првокласно мени од Титаник продадено за 75.000 евра

Горан Наумовски

Во завршните зборови Стефанова ќе каже дека застарело делото „злосторничко здружување“ во „Титаник“

Ново рочиште за „Титаник“: Законските измени го застаруваат делото „злосторничко здружување“

Александар Тодески