• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Васко Маглешов
Македонија

(ВИДЕО) Илиевски: Ме дисциплинираат зашто констатирав незаконско унапредување на функционери на ДУИ

by Васко Маглешов19/07/2019 - 16:0019/07/2019 - 16:301545
Share0

„Денеска е закопана правната држава. Ваков чин на една дисциплинска постапка каде не се дозовли јавноста и меоидумите иновинарите да бидат присутни е недопустлива“, со овие зборови вишиот просветен инспектор, Ѓорѓи Илиевски, ја почна изјавата пред зградата каде што е сместен Државниот просветен инспекторат по седницата на која се расправаше за негова одговорност.

Добивај вести на вибер

Постапката беше поведена бидејќи ја известил јавноста дека тројца високи функционери на ДУИ, незаконски се унапредени на државниот универзитет во Тетово и добивале надоместоци за интелектуални услуги.

„Сакав јавно да проговориме за јавните функцинери да им дадеме порака и на сите други, како што јас се одважив и јасно кажав што се случи со министерот за образование, заменик-министерот за внатрешни работи и директорот за индустриска сопственост, кои незаконски се унапредувале и добивале и парични средстца за интелектуални услуги“, рече Илиевски пред новинарите.

„Најголемиот грев е што сум се јавил кај вас како телевизија, што сум ја кажувал вистината, затоа што сум пријавил до ДКСК, што сум поднел дописи до Инспекцискиот совет, кривична пријава до Основнто јавно обвинителство за директорот на Државниот просветен инспекторат и финансиска полиција, зашто сум се среќавал со францускиот амбасадор и со холандксата амбасада“, кажа инспекторот кој за 6 месеци треба да се пензионира.

Дисциплинската комисија денеска му предложи на директорот на Држaвниот просветен инспекторат, против кој Илиевски поднесе пријава, да одлучи во рок од седум дена дали ќе го прифати предлогот за дисциплинска мерка за инспекторот Ѓорѓи Илиевски. Портпаролот Јане Николовски ја соопшти одлуката по завршувањето на седницата на Комисијата. Дисциплинската мерка е затоа што Илиевски во јавноста изнел податоци за постапката за тројцата функционери и го прекршил Законот за административни службеници.

Денешната седница се одржа зад затворени врати. Дисциплинската постапка беше закажана откако инспекторот Илиевски објави дека незаконски биле унапредени јавни функционери во наставно-научни звања на Државниот универзитет во Тетово (Арбер Адеми, Агим Нухиу, Сафет Емрули).

Постапката ја поведе Африм Саљиу, раководител на секторот за високо образование, а дисциплинската постапка за утврдување дисциплинска одговорност е испратена со потпис на директорот на ДПИ, Томе Спировски.

gorgi ilievski

Би можело да ве интересира

Филиповска Грашкоска: Инспекцискиот совет професионално презема чекори за утврдување дисциплинска одговорност на Саљиу

Татјана Ташкова11/12/2019 - 15:11

Деградираниот инспектор Илиевски се пожали и во Мисијата на ЕУ во Скопје

Васко Маглешов26/07/2019 - 13:3626/07/2019 - 13:46

Деградиран инспекторот Илиевски, кој откри незаконски унапредувања на функционери

Васко Маглешов25/07/2019 - 12:3425/07/2019 - 22:03

„Кажете еднаш засекогаш НЕ за криминалот“, петиција за инспекторот Илиевски

Габриела Димковиќ-Мишевска22/07/2019 - 14:0922/07/2019 - 17:44

ВИДЕО: Директорот на Просветен инспекторат ќе одлучи за дисциплинската мерка за инспекторот Илиевски

Васко Маглешов19/07/2019 - 14:1819/07/2019 - 16:31

Просветниот инспекторат: Мал е просторот, нема доволно место за новинарите

Кристијан Ландов19/07/2019 - 11:0719/07/2019 - 11:10
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен