Илиевски: Изборот на граѓаните е едноставен – инвестиции во Куманово или продажба на Куманово

Од:

Кандидатот за градоначалник од СДСМ за Куманово, Оливер Илиевски на денешната прес-конференција во населбата „Иго Тричковиќ“, одговарајќи на новинарски прашања и коментирајќи ги последните случувања во Куманово, кажа дека изборот на граѓаните е едноставен, проекти од една страна и како што потенцираше, заборавен град како за време на режимот.

– Изборот е едноставен. Ние сите проекти кои се инвестирани во Куманово, изминативе четири години се инвестиции од страна на Владата, 95 проценти од вкупните инвестиции. Изборот е тој или ќе имаме инвестиции во Куманово или заборавен град како во време на режимот. Маските паднаа, јас пред некое време на една дебата кажав дека има непринципиелни пазарења во Куманово со јавните претпријатија. Имаме и дополнителни информации кои доаѓаат од спротивниот табор дека крајна цел на таа непринципелна коалиција е продажба на „Куманово-гас“, продажба на ЈП „Пазаришта“ и јавно-приватно партнерство на „Чистота и Зеленило“. Ние нудиме инвестиции во Куманово, тие нудат продажба на Куманово, изјави Илиевски, коментирајќи го вчерашното укажување на премиерот Зоран Заев од Скопје, кој кажа дека во Куманово ништо не згрешиле и од друга страна поддршката на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој од Охрид кажа дека ќе ги поддржи кандидатите на опозицијата, вклучително и во Куманово.

Илиевски најави реконструкција на подрачното училиште „Христијан Тодоровски Карпош“ во населбата „Иго Тричковиќ“.

– Како што можеме да видиме, училиштето не е реконструирано откако е изградено. Ние како Влада на СДСМ, во претходниот период имавме 3, 4 милиони евра само за образованието во општина Куманово. Јас како иден градоначалник се обврзувам тие инвестиции во наредниот мандат да бидат 6, 5 милиони евра за реконструкција на училишта, изградба на спортски сали и за реквизити во училиштата, рече Илиевски.

Тој се обврза дека веднаш после 31 октомври ќе почне со решавање на имотно-правните односи за училиштето, негова целосна реконструкција, оградување на училиштето, со што ќе се подобри безбедноста на учениците и изградба на мултифункционално игралиште. За оваа населба во Куманово, Илиевски најави и изградба на канализациската мрежа, онаму каде што недостасува и реконструкција на водоводната мрежа. Тој кажа дека не може да се зборува за европски проекти и населби ако сè уште постојат населби како Иго Тричковиќ каде што, рече нема елементарни услови за живот. Тој се обврза дека во наредниот мандат сите улици кои се неасфалтирани во населбата да бидат завршени за четири години и најави дека нема да постои населба каде што за четири години ќе се зборува за водовод, канализација и неасфалтирани улици.

– Изборот на граѓаните е едноставен, инвестиции од една страна и непринципиелни договори и пазарења од другата страна. Чисто, зелено и модерно Куманово од една страна и заборавен град како во времето на режимот од друга страна, рече Илиевски.

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

(ВИДЕО) Лукаревска: Се најавува кредит од дури 6 милијарди евра, Владата ги турка граѓаните во должничко ропство

А1он

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: САД гледаат со кого Мицкоски и Стоилковиќ се „стратешки партнери“ со „Ноќните волци“ на Путин

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Левица: Од парк – шума до бетонска џунгла, Советот на Куманово го менува ликот на „Ловечки дом“

Горан Наумовски

СДСМ: Само техничка влада може да овозможи фер избори