Илиев: Ќе градиме подобар живот за Кочани

Од:

Кандидатот за градоначалник на општина Кочани од редовите на СДСМ Николчо Илиев денеска ја започна предизборната кампања со ветување до граѓаните на Кочани дека ќе направи животот да им биде пдобар отколку досега.

– Денеска е прв ден од изборната кампања во која Ви ветувам дека целосно ќе градиме позитивна кампања за реализација на зацртаните проекти и подобра иднина на жителите на општината. Ќе се трудиме да изградиме улици, патишта, водоводи, се според потребите на граѓаните за подобар живот, истакна Илиев.

Тој се заложи за обезбедување чиста вода и воздух,напоменувајќи дека Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани ќе треба во многу да ги подобри услугите кон граѓаните. Ја истакна и својата заложба депонијата кај село Бели да биде што поскоро дислоцирана.

– Ќе се залагам да има повеќе пари за граѓаните и општината, како и да ги сплотиме стопанствениците од општината за нови работни места. Граѓаните да бидат тие кои ќе учествуваат во донесувањето на буџетот на општината, истакна Илиев.

На првата средба со новинарите беше преставена и советничката листа од СДСМ за претстојните локални избори и носителот Томче Солевски.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он