А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Илиеска: Кукавички чин, имам одредени сомнежи, но не се потврдени

by А1он22/02/2024 - 17:0422/02/2024 - 22:192673
Share0

Станува збор за кукавички чин. Има вознемиреност, но не се чувствувам загрозено, изјави Маријана Илиеска, обвинител во Основното јавно обвинителство во Прилеп, чиј приватен автомобил вчера беше опожарен. Според првичните сознанија, засега непознати сторители насилно влегле во гаражата во која бил паркиран автомобилот, го полеале со запаливо средство и го запалиле, предизвикувајќи материјална штета.

Добивај вести на вибер

Илиеска вели дека постојат одредени сомнежи, но не може да зборува додека не се потврдат.

-Ова е кукавички чин. Нормална е вознемиреноста. Не се чувствувам загрозено ниту пак ќе запрам со мојата работа. Продолжувам со работата како основен јавен обвинител. Имам одредени сомнежи, но не може да зборувам за тоа. Не, пред да се докаже или со факти да се потврди кој стои зад сето тоа, вели Илиеска.

Досега немала лични закани, но постоеле одредени притисоци во работењето.

Веднаш по настанот е извршен увид на лице место. Обезбедени се траги и докази и се преземаат дејствија за откривање на сторител на кривичното дело, соопштува јавното обвинителство.

Јавното обвинителство на Република Северна Македонија и Здружението на јавни обвинители силно го осудуваат ваквиот напад и обид за заплашување на раководител на основно јавно обвинителство со проширена надлежност.

javno obvinitelstvozapalen avtomobil

Би можело да ве интересира

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он03/04/2026 - 15:1903/04/2026 - 15:21

Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:41

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 16:22

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:5829/03/2026 - 13:47

Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 11:0629/03/2026 - 18:27

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто