Илхан Ќучук: Ако Мицкоски води кампања со став против Бугарија, тоа ќе го блокира патот на земјата кон ЕУ

Од:

Доколку лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски води кампања со став против Бугарија и вклучување на Бугарите во Уставот, тоа ќе го блокира патот на Република Северна Македонија кон Европската Унија. Ова го изјави за БТВ пратеникот на ДПС/АЛДЕ, Илхан Ќучук.

„Процесот на преговори меѓу ЕУ и Македонија се уште не е започнат бидејќи има скрининг кој ќе одземе одредено време. Тоа го знаеме од бугарското искуство, една и пол до две години треба да се дадат оценките за овој скрининг“, објасни Ќучук.

Тој потсети дека францускиот предлог за евроинтеграција на Македонија е предлог на ЕУ прифатен со консензус од сите земји членки. Освен тоа, тој ја нашол потребната политичка поддршка, како во бугарското народно собрание, така и во македонското.

„Мораме да бараме можности како да продолжиме оттука, а несомнено ги има многу“, смета Ќучук.

„На постигнатиот компромис треба да гледаме како на можност. Сега доаѓа големата тема – како да излеземе од оваа криза. Не само што треба да се тргне од политичката реторика во Бугарија и во РСМ, туку треба да се бараат потребните гаранции за да не влеземе повторно во оваа ситуација во која бевме порано“.

На крајот треба да се погрижиме двата народа подобро да се запознаат, постојано велам дека не се познаваат добро. Треба да се фокусираме и на проблемите на Балканот – проблемите меѓу Србија и Косово, проблемите во Босна и Херцеговина. Го знаеме регионот“, додаде тој.

Извор: Trud.bg

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Не е проблем да појдам во ССМ, понудата е на маса, нека се одважи гранковиот синдикат УПОЗ да потпише

Мицкоски за затворањето на постмониторинг-дијалогот со Советот на Европа: Со ова Европа признава дека сме зрела демократија и дека имаме функционална Влада која се грижи за иднината на оваа држава

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ССМ одби колективен договор со кој платата на администрацијата ќе се зголеми за околу 40 проценти

Горан Наумовски

150 електрични автобуси ќе се набават за Скопје и општините

Мицкоски: Затворањето на постмониторинг дијалогот со Советот на Европа е историски момент

Горан Наумовски

Мицкоски: Ќе има зголемување на минималната плата, но по законска постапка