Иленден нуди бесплатни проекти за изградба на куќи населба Јака

Од:

Општина Илинден нуди бесплатни проекти за изградба на семејни станбени куќи што ќе овозможи дополнителна поволност за инвеститорите во новата населба за индивидуално домување Јака.

За да се забрза постапката за издавање на градежни дозволи по електронски пат на инвеститорите ќе им бидат понудени четири типа на проекти за куќи со различни димензии, без никаков надомест во постапката за издавање одобрение за градење. Со прифаќање на еден од овие бесплатни проекти Општина Илинден им овозможува на инвеститорите да заштедат до 1.000 евра колку што вообичаено чини изработката на ваквите проекти, информираат од општината.

Инвеститорите, што нема да се одлучат за избор на еден од понудените проекти ќе треба да изработат проекти согласно позитивната законска регулатива и дозволените архитектонско-урбанистички параметри на своја сметка.

Илинден деновиве на електронско јавно наддавање понуди уште 10 нови парцели за изградба на семејни куќи на локалитетот Јака, со површина од 400 до 500 м². Пријавите за учество за електронското јавно наддавање треба да се достават до 15.10.2013 година.

Досега во локалитетот Јака се отуѓени 220, а во првата септемвриска објава беа понудени на продажба уште 15 парцели, па во моментов актуелни се вкупно 25 градежни парцели од Јака. Покрај парцелите во локалитетот Јака на електронско јавно наддавање понудени се уште 6 парцели за изградба на станбени куќи за индивидуално домување во локалитетот „Спортски центар“ во Општина Илинден, а пријавите за учество треба да се достават најдоцна до 22 октомври оваа година.

Би можело да ве интересира

Вооружен грабеж на банка во Илинден, одземена е голема сума на пари

Александар Тодески

Мигрант пронајден мртов на железничка станица Илинден – починал од струен удар

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Илинденското востание е врвен аманет

Горан Наумовски

Коцарев: Идентитетството не смее да се доведе во прашање – нам насушно ни треба трет Илинден

СДСМ поднесе Декларација за најголемиот македонски државен празник Илинден

Општина Аеродром: Аеродромци ја испратија 45-та Илинденска коњаница кон Крушево