Иконому: Во соодветно време, во следниот период ратификација на меморандумите со Северна Македонија

Од:

Трите меморандуми со Северна Македонија што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе една година чекаат ратификација во грчкиот Парламент, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому ќе бидат ратификувани во, како што рече, „соодветно време во следниот период“.

Со оглед на тоа што меморандумите беа дел од темите за кои разговараа шефовите на двете дипломатии Бујар Османи и Никос Дендиас на минатонеделната средба во Скопје, на денешниот редовен брифинг новинарите побараа одговор од владиниот портпарол, дали постои нешто ново околу ратификацијата.

-Во соодветно време, во следниот период, ќе биде и тоа, кусо одговори Иконому.

Меморандумот за забрзување на процесот на интеграција на Северна Македонија во ЕУ; Меморандум за формирање на Координативен комитет за економска соработка и Техничка спогодба за надгледување на FIR Скопје, се трите потпишани меморандуми меѓу Северна Македонија и Грција што произлегуваат од Договорот од Преспа, а во грчкиот Парламент беа доставени кон средината септември минатата година.

Оттогаш сè уште не е ставено на дневен ред, првично, нивното разгледување на надлежната комисија во Парламентот, а потоа и ратификација од пратениците, а од опозициската СИРИЗА, често ја обвинуваат актурлната грчка Влада дека поради внатрешните несогласувања во Нова демократија, намерно ја одложува ратификацијата.

Би можело да ве интересира

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он