Икони од светите Климент и Наум на олтарот на катедралата во Терхова, Словачка

Од:

Градот Охрид и подари две икони од светите Климент и Наум Охридски на катедралата Св. Кирил и Методиј во Терхова, познат туристички центар во подножјето на Татрите во Словачка.

Предавањето на резбарени икони на авторот Драган Нелковски од градот Охрид  беше почесна точка од програмата во рамките на Св. Кирилометодиевските денови, кои секоја година се одржуваат од 3 до 6 јули. На чинот во катедралата во Терхова присуствуваа бискупот на Жилинската област, Томаш Галис, министерот за туризам на Словачка, Јозеф Штрба и градоначалникот на Терхова, Милан Лауренчик.

Амбасадорот на Република Македонија во Словачка, Ѓорѓи Филипов, предавањето на иконите на старешината на катедралата Павол Крутак,  го поврза со 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи помеѓу двете земји.

Тој говореше за засилените политички, економски и културни врски и ги покани присутните од сите краишта на Словачка во преполнетата катедрала да ги следат трагите на учениците на Св. Кирил и Методиј и да го посетат Охрид и Македонија.

На свеченоста беше прочитано и поздравно писмо од градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.

Катедралата во Терхова е најголемата црква од 83-те храмови во Словачка што го носат името на Св. Кирил и Методиј.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Експлозија уништи црква во Њујорк, има многу повредени

Почувствувани два земјотреса во Битола и Охрид, епицентрите во Албанија и Грција

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

Обвинителството започна истрага по ревизорскиот извештај на ДЗР за Општина Охрид

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски