Игор Шема освен професор, ќе биде и супервизор – само тој се пријавил на огласот

Од:

Владата на Собранието му го препорача универзитетскиот професор и долгогодишен пратеник на СДСМ, Игор Ивановски, да биде непрофсионално ангажиран како експерт во Советот на Агенцијата за супервизија на осигирувањето.

На јавниот оглас на Владата објавен во три дневни весници се пријавил само Ивановски кој ги исполнувал условите. Советот на Агенцијата е составен од пет члена од кои еден е претседател. Мандатот е 5 години со право на реизбор. Точката за именувањето на Ивановски е ставена на дневен ред на седницата на Собранието на 11 јуни, веднаш по предлогот за одземање на имунитетот на пратеникот Никола Груевски.

Ивановски ќе има право на месечен надоместок и надоместок на други трошоци утврдени со Статутот и другите акти на Агенцијата.

Ивановски е доцент на Економскиот факултет, бил пратеник на СДСМ и советник на претседателот Борис Трајковски од 2003 до 2004 и на претседателот Бранко Црвенковски од 2004 до 2006 година. Ивановски беше и потпретседател на СДСМ, кандидат на лидер на партијата и остар критичар на власта предводена од Никола Груевски. Меѓу сопартијците е познат под прекарот „шема“.

Агенцијата спроведува супервизија на друштвата за осигурување, осигурителните брокерски друштва, друштвата за застапување во осигурувањето, осигурителните брокери, застапниците во осигурувањето и Националното биро за осигурување, издава и одзема дозволи, согласности и лиценци врз основа на овој закон и другите закони во нејзина надлежност..

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски