Игор Џамбазов ја промовираше „Приказни од Мјаукедонија“ пред скопските средношколци

Од:

Актерот и шоумен Игор Џамбазов денеска го промовираше својот роман „Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“ во гимназијата „Алгоритам“ во Скопје.

Џамбазов објасни дека неговата посета на „Алгоритам“ е во рамки на часот запознавање со позната личност. Оваа година, како што рече, откако се запознавме со директорката решив да го посетам училиштето и да ја донесам мојата книга.

– Книгата „Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“ е прва книга на мојата мачка Емилија Џамвазова, со уметничко име Бавчанска. Тоа е всушност дневник за 2012 година што го води таа, во кој ни ги наоѓа сите маани и грешки што ние луѓето ги правиме на оваа планета и си ги правиме себе си, рече Џамбазов и додаде оти книгата е пишувана една година.

Потсети дека со „Приказни од Мјаукедонија – исповед на една провинцијалка“, во издание на издавачката куќа „Три“, беше застапен на годинашниов Саем на книгата.

– Младите купуваат книги и тоа особено ме израдува. Младите застануваа, се распрашуваа, ги прелистуваа книгите, прашуваа за цена, потенцира Џамбазов.

Тој додаде дека за две недели завршува со проектот „Бинго“, а од септември најави дека ќе продолжи со „Џиш“.

– Работам со мојот бенд, патуваме низ Македонија, свириме и создаваме нови песни. Почнав нова книга, рече Џамбазов.

Би можело да ве интересира

А1 Македонија партнер на 26. Скопје филм фестивал

Ново издание на месечните „Кино средби“ на Францускиот институт Скопје во Кинотеката

Македонските автори и книги пред светската издавачка јавност во Франкфурт

„Точка нула“ од Артем Чех во „Матица“: Кога пишувањето станува наредба

Јован Јосифовски е добитник на Наградата ДЕНЕС 2026

„Денови на македонската поезија“ по 36-ти пат во Гетеборг