Игор Димески: Левица се залага за 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата

Од:

Носителот на листата со кандидати за пратеници од Левица за ИЕ6 Игор Димески денеска имаше средба со членовите на Здружението на пензионери. Тој ја претстави програмата на Левица што се однесува за пензионерите.

– Програмата на Левица за пензионерите, нивното згрижување и повисока исплата на пензиите за која партијата има поставено јасни законски прописи, кои во иднина ќе се потруди партијата да ја реализира. Тоа се линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница: 60 години за жени, 62 години за мажи. Пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост, истакна Игор Димески.

Носителот на кандидатската листа понуди бесплатна правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Левица: Под притисок од јавноста Орце Ѓорѓиевски се повлече од наплата на паркинг на аеродромци

А1он

Левица: Со контроверзниот Фејзиу ДПМНЕ капитулира пред ВРЕДИ и за чествување на историски ликови

Левица: Николоски и ДПМНЕ од петни жили ја бранат урбанистичката мафија

А1он

Левица: „Право на војна” – вмровските кадри во МНР до апсурд ја правдаат агресијата врз Иран

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мециновиќ кон Николоски: Ќе го претворите народот во киријаши додека олигархијата гради и профитира