Идната недела медицински тимови од Шведска и од Словенија во државава, најавена помош и од Германија

Од:

Во првата недела од август преку Механизмот за цивилна заштита, а по барање на Министерството за здравство, во државава ќе пристигне медицински тим од Кралството Шведска, во чиј состав ќе бидат десет медицински сестри и еден лекар. Во најава е и пристигнување на медицински тим од Република Словенија. Трошоците за патувањето и сместувањето ќе бидат на товар на Министерството за здравство.

За ова директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски ги информирал членовите на Главниот координативен кризен штаб за спречување на внесување и ширење на вирусот Ковид -19, кој на 24 јули го одржа 103. состанок, а чиј записник вчера го усвои Владата во рамки на 78. седница.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, пак, информирал дека од Берлин е најавена соодветна помош, медицински персонал, лекови, заштитна опрема, респиратори, за сите држави од регионот.

Записникот од 103. состанок на Главниот координативен кризен штаб се однесува на обезбедување целосна координација во врска со спречување на внесување и ширење на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска