ВИДЕО: Риболов во дупките на улиците во Велес

Од:

Викендов во Велес активисти организираа риболов во дупките на улиците, кои се толку големи, што по секој посилен дожд, се полнат со риби.

На улицата „Павел Шатев“ во населбата „Тунел“ во Велес на 2 км од центарот на градот, се одржа првиот локален натпревар на езерски води на градски дупки во категоријата риболов.

– Езерето „Матна вода“ е настанато по природен пат, после секои врнежи од дожд. Редовните врнежи од дожд придонесоа одржливост на нивото на водостојот и појава на флора и фауна. На задоволство на граѓаните од Велес, во ова езеро егзистираат повеќе видови на риби, помеѓу кои и езерскиот крап.

1r

Настанот се одржа на 26 март, во организација на слободни граѓани, а учествуваа тројца спортски риболовци. Првото место на натпреварот го освои учесникот со реден број 1, кој улови крап со тежина од 2.800 кг, второто место беше поделено помеѓу учесниците со реден број 2 и 3 кои уловија помали риби од видот црвеноперка и по некој костреж, велат активистите.

2r

Рибите кои беа уловени потоа се пуштија во велешкото езеро „Бистра Вода“.

3r 4r 5r

Би можело да ве интересира

Дете прегазено во Велес, пренесено во скопските Клиники

А1он

Кривична пријава за директорка на градинка во Велес, конкурирала со лажен сертификат

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Советници во општина Велес од свој џеб купиле стакло за масата за венчавки во матичното

Орце Костов

Голема полициска акција во Велес, затекнати дилери на дрога

А1он

Условни казни за тинејџерите кои во Велес нападнаа полицајци

А1он