Ибраимовски: ВМРО-ДПМНЕ денес го допре дното!

Од:

„Денес ВМРО-ДПМНЕ крена рака врз гладните и сиромашните, денес ВМРО-ДПМНЕ им го покажа местото на непослушните Роми од Прилеп. Боксови, пендреци и крошеа врз жени и деца дојдени пред Центарот за Социјални работи Прилеп да си ги побараат заостанатите рати од социјалната помош.

– Навистина сме згрозени од оваа диктаторска власт која тепа и гази се што не и по ќејф, згрозени сме затоа што во центарот на Скопје се случува градежно лудило, а Ромите не се третираат ни за кучиња од власта на ДПМНЕ.

– Каде е сега циркузантот Амди Бајрам да застане во одбрана на прилепските Роми, каде се ромските политички партии во владата на Груевски да превземат мерки за овие граѓани да ги добијат своите права.

– Денес Ромите по втор пат ја почувствуваа диктатурата и беззаконието на дело, пред 2 години во Шутка 300 специјалци тепаа, газеа и ја собираа робата од пазарџиите, денес прилепските Роми ги почувствуваа тупаниците на власта.

– Новата година овие граѓани ќе ја поминат гладни и боси, додека владините преставници ќе слават во богат амбиент и раскошна трпеза, а Ромите ќе умираат за леб.

– ПЦЕР за овој настан бара одговорност и нема да остане само на тоа. Ќе бараме Европската комисија да формира посебна работна група која ќе ги санкционира овие расистички испади на власта“, се вели во реакцијата на Самка Ибраимовски.

Би можело да ве интересира

Петмесечно бебе со голема кашлица хоспитализирано во Прилеп

Вандали уништиле мермерни плочки околу спомениците – Урни во Могилата на непобедените во Прилеп

Четири работнички од Непал му избегале на газдата во Прилеп, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско поради сообраќајка

Жена од Прилеп се заканувала дека ќе запали кафеана

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он