Ибрахими: Кој не ги оддржува ветувањата, не ја заслужува нашата доверба

Од:

Останаа уште малку денови до ослободувањето на Општина Чаир од 12 годишното заложништво, од оние кои управуваа лошо со неа, изјави денеска кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од Движењето БЕСА, Зеќирија Ибрахими.

– Од денес ние секој ден ќе Ви се обраќаме од некој агол на Чаир, за да Ве потсетиме што се случило со општината за овие 12 години и да Ви кажеме кое е нашето решенеие за овие проблеми. Тој што лаже е лажго, тој што мами е измамник, а тој што не го исполнува ветувањето е неверник. Овие се дефиниции што сме ги научиле како деца, но сега се потсетуваме на нив, кога гледаме дека нашите политички опоненти, партијата што лошо управуваше со нашиот Чаир, наместо да бара извинување за деградацијата што и ја направија на општината, имаат храброст, се уште, да излезат и да бараат гласови од граѓаните, изјави Ибрахими.

За да докажеме што се случи со Чаир, како што рече, денес ќе се потсетиме само на едно ветување на тие што управуваа со Чаир, „гасификација на Чаир“.

– Ова е само едно ветување што градоначалникот на заминување на Чаир го даде дека ќе се реализира за време на мандатот 2013-2017. Ако вчера градоначалникот на оштината не го оддржил ветувањето, зошто граѓаните денес треба да му веруваат на другиот кандидат од истата партија, рече Ибрахими.

Тој додаде дек без разлика што бројот, на како што рече, измамници во оваа кампања е израснат, ние, додаде, ќе бидеме тука за да докажеме дека не сите што учествуваат во оваа предизборна кампања се измамници.

Би можело да ве интересира

Јанчев: Изградба на дом за стари лица, 3 катни гаражи, пречистителна станица Марена – Сопот, гасификација на Кавадарци и многу други проекти

Предраг Петровиќ

Левица бара итна мерка од Уставниот суд против забраната за платено политичко рекламирање

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“

Предраг Петровиќ

Левица со кандидати за градоначалници во Струга, Тетово, Гостивар – пратеничката Мојсоска ќе се трка за Струга

Предраг Петровиќ

Димитриески за нов градоначалнички мандат во Куманово, Лабудовиќ за Центар и поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Предраг Петровиќ

Градоначалникот на Росоман: Поднесената кривична пријава е политички притисок

Предраг Петровиќ