(ВИДЕО) Ибрахими: БЕСА подготвува нов закон за употреба на албанскиот јазик

Од:

„Ова е текст кој е добро концепиран и е презицен. Што се однесува на содржината, која треба да стане реалност, ќе треба да почекаме. Иако Владата го дава својот придонес за да се направат потребните реформи за организирањето на изборите, за жал, иако сме во вториот дел од јули, сè уште во ДИК не може да се види новиот состав на пратеничките групи.

Што се однесува до работата на Собранието, можам да кажам дека само денеска Движењето „Беса“ ги има предложено своите кандидати на сите пратенички тела на Собранието – изјави денеска во Собранието Зекирија Ибрахими од Движењето „Беса“.

Тој вели дека БЕСА носи одлуки кои се автономни и кои ги презема врз основа на партискиот и интересот на Албанците во Републикa Македонија.

„Што се однесува до законот за албанскиот јазик, сакам да кажам дека навистина чекавме владата да нè консултира за содржината на истиот, но тие немаат сè уште направено таков чекор. Ние веќе пишуваме еден закон за употреба на албанскиот јазик, а кога ќе оцениме дека е потребно, ќе го предложиме до Собранието. Околку реформите во администрацијата, Албанците со години наназад се без унапредување, а треба да се систематизираат и унапредат.

Во делот на реформите во судството, мислам дека Албанците во Македонија цело време имаа сомнеж дали е праведен овој систем. Би сакал новата Влада, да предложи мерки за непристрасност и еднаквост на судот. Работата на СЈО уште не ги има оправдано очекувањата бидејќи секогаш кога се спомнува темата за правосудството, на Албанците паметот им оди на два случаи, а тоа се „Сопот“ и „Монструм“.

Борбата против корупицјата не треба да препознава етничка, ниту партиска припадност, но, за жал, не сме убедени дека тоа е така. Во делот на борбата против екстремизмот, треба да кажам дека владата треба да направи прецизна дефиниција што подразбира под тој термин. Органите на редот треба да ја извршат својата задача, но треба да внимаваме како се храни екстремизмот кај граѓаните од Македонија и да внимаваме со што се служат учениците, односно од какви учебници учат“, рече Ибрахими.

Би можело да ве интересира

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски

Собранието со 73 гласа „за“ го донесе Законот за Судски совет

Горан Наумовски

Мицкоски: Во фаза на потврда сме на три многу важни странски инвестиции – германска, грчка и турска во вредност од околу 120 милиони евра и 1.500 нови вработувања

Зекирја Таири од Коалицијата Влен, пратеник во Собранието на местото на Беким Сали

СДСМ: Усвоена Резолуција против демократијата