Ибрахим: Турците масовно ќе го поддржат референдумот

Од:

Партијата за Движење на Турците во Македонија (ТХП), вечерва со митинг во Ресен ја заокружи кампањата за претстојниот референдум на 30-ти септември.

„Митингот кој помина во одлична атмосфера уште еднаш докажа дека граѓаните од турската етничка заедница даваат силна поддршка на евроатлантската интеграција и на 30-ти септември тоа ќе го потврдат и на референдумот“ велат од ТХП.

На присутните во Ресен им се обрати Претседателот на ТХП, пратеникот Енес Ибрахим, кој во своето излагање уште еднаш ги потенцира придобивките од евроатлантската интеграција, но и позитивните ефекти од добрите односи со соседите.

„На 30-ти Септември имаме историска можност која не смееме да ја прокоцкаме. Тоа е влог за иднината на нашите деца, влог за иднината на нашата татковина. Повеќе од сигурен сум дека зрелоста која ја покажавме во 1991-ва ќе ја повториме и во недела, кога сите Турци од цела Македонија масовно ќе излезат и ќе гласаат „за“ европска и просперитетна Македонија“ истакна Ибрахим.

Во текот на референдумската кампања, ТХП преку трибини, средби и митинзи низ повеќе градови и рурални населени места ги информира граѓаните од турската етничка заедница за важноста на референдумот кој ќе се одржи на 30-ти септември.

Би можело да ве интересира

Ресенчанец возеше со 2,78 промили алкохол во крвта

А1он

(ВИДЕО) Бузлевски: Време е за Преспа без отпад, со силно земјоделство и туристички развој

Референдум во Република Српска на 25 октомври

Двајца пијани возачи уапсени во Ресен и во Битола

Словенија одлучува: Или остануваме и ја плаќаме членарината или го напуштаме НАТО

Жена со автомобил удрила во метална ограда, со тешки повреди завршила во болница