А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ИБНА: Коѕиас на 30 и 31 август во официјална посета на Македонија

by А1он22/08/2017 - 11:4292
Share0

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас на 30 и 31 август ќе престојува во официјална посета на Македонија, јави независната балканска новинска агенција – ИБНА, иако до сега нема официјална потврда од грчкото МНР.

Добивај вести на вибер

Според информациите на ИБНА, грчкиот министер за надворешни работи на 30 август со автомобил ќе отпатува од Солун за Скопје, каде на 31 август ќе одржи повеќе средби со претседателот Ѓорге Иванов, премиерот Зоран Заев, министерот за надворешни работи Никола Димитров, како и со лидерите на политичките партии.

Посетата на Коѕиас на Скопје е возвратна, по престојот на неговиот македонски колега во Атина во јуни.

Според ИБНА, Коѕиас во Скопје ќе разговара за билатералните односи меѓу двете земји, како и за зајакнувањето на довербата, „затоа што ПЈРМ продолжи со провокации од своја страна“.

Агенцијата, чие седиште е во Атина, потоа потсетува на реакциите на грчкото МНР дека Македонија го прекршила Привремениот договор од 1995 година, прво со ракометарките на македонската репрезентација под 17 години кои имале „Македонија“ на нивните дресови на натпреварот закажан против нивните грчки колешки во Скопје, а потоа и со прославата на 2 Август во Торонто, каде што македонскиот конзул Палашевски зборувал пред карта на „Голема Македонија“.

– Во услови на тешка клима во односите на двете земји, грчката страна, според валидни информации, ќе покаже конструктивен став преку зајакнување на Меморандумот за разбирање, со цел поголем придонес за добрососедските односи на двете земји. Меморандумот за разбирање беше иницијатива на грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас за време на неговата прва посета на Скопје во летото 2015 година, пишува ИБНА.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, за време на посетата на Коѕиас на Скопје во јуни 2015 година, тој и неговиот домаќин, тогашниот македонски министер за надворешни работи Никола Попоски, договорија 11 конкретни мерки за градење доверба меѓу двете земји, во повеќе области.

grcija

Би можело да ве интересира

Грците забрзано се вооружуваат

Горан Наумовски24/03/2026 - 13:2424/03/2026 - 13:24

Уапсен Македонец во Грција, беснеел со мотор со 223 километри на час

Катерина Ѓуровски17/03/2026 - 09:1317/03/2026 - 13:06

Земјотрес во Грција

Предраг Петровиќ14/03/2026 - 09:27

Мицотакис: Грција ќе ги ограничи маржите на горивото и производите од супермаркетите

Горан Наумовски11/03/2026 - 12:28

Маринакис: Грчката Влада ги следи случувањата на Блискиот Исток, не постои причина за загриженост

А1он02/03/2026 - 18:01

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски17/02/2026 - 10:1017/02/2026 - 10:12
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен