ВИДЕО: Иако ги амнестираа Хашките случаи, Милошоски вели дека не правеле компромиси за судски пресуди

Од:

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски на денешната прес конференција која следеше по прес конференцијата на Специјалното јавно обвинителството кажа дека ВМРО-ДПМНЕ никогаш правеле компромиси по однос на судските пресуди и случаи за кои судовите автономно одлучувале за сторени нелегални дела, иако во 2011 година тие заедно со ДУИ ги амнестираа Хашките случаи.

Тој обвини дека СЈО работи како партиска подружница на СДСМ чија главна задача е да „штанца“ обвиненија за да се дефокусира јавноста од формирањето на коалиција на парламентарното мнозинство.

-Сметаме дека ваквото однесување на СЈО е на штета на интересот на граѓаните, но во корист на Зоран Заев за да се дефокусира јавноста од правење коалиција на штета на интересите на Македонија. Наместо да се расправа за тоа, СЈО ќе нарачува и поднесува обвиненија за да го тргне фокусот, тоа е целта на СЈО сега, ќе биде и во иднина. Првата цел е најава за притисок врз судството кој ќе следува во наредниот период и втората цел е да се издејствуваат судски пресуди кои се дел од некој коалиционен договор. Таквата најава СЈО ја соопшти преку споменувањето на Сопот. Договорот е преку судски пресуди издејствувани со политички притисок да се ослободат обвинетите дека не извршиле незаконско дејствије. Со самото тоа ќе се отвори врата за спроведување на другите договорени политички пресуди од случајот „Монструм“ и случајот „Диво Насеље“. Сите овие пресуди се дел од политичкиот пазар помеѓу Заев и партнерите кои дадоа поддршка за платформата од Тирана, а Заев сака да биде ослободен од случајот „Поткуп“, рече Милошоски.

Според него, однесувањето на СДСМ преку институции кои се под нивна контрола против ВМРО-ДПМНЕ не е новина, а тие како партија се подготвени да дејствуваат на соодветен начин против како што рече притисоците.

– ВМРО-ДМНЕ има најголем број пратеници и имаме мандат да ги претставуваме и штитиме интересите на граѓаните кои гласале за нас, без разлика што еден пратеник нелегално е избран за претседател. Ние ќе го одработиме со активно дејство нашиот мандат, рече Милошоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Николоски од Гевгелија: Во исто време се градат 10 спортски игралишта, така ќе продолжиме да работиме веднаш по формирање на новата влада

А1он

Мицкоски: Тоа дека ДУИ полнеле кутии на денот на изборите е докажано од суд, затоа повикувам на будност и внимание

А1он

(ВИДЕО) Ковачки: Ветуваме реконструкција на пругата Кочани – Велес

А1он

Дафина Стојановска: Народот доаѓа по она што Али и Груби му го одзедоа

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: ДКСК да покрене постапка против Битиќи, бара од фирмите на кои им исплатил помош да гласаат за него

А1он

Мицкоски: По осми мај започнува трансформација на Македонија со новата Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ