И Заев повреден во пожарите

Од:

Подметнатите пожари во Струмица земаа две жртви. И третиот повреден се наоѓа во исклучително тешка здравствена состојба и се бори за живот.

Струмица е обвиена во тага за своите сограѓани, вели во изјава за А1, градоначалникот Зоран Заев. Градот ги прогласи денешниот и утрешниот ден за денови на жалост.

Најверојатно човечки фактор ја предизвика трагедијата. Иако се уште пожарот е активен, вели Заев, нема непосредна опасност засега за најблиските куќи.

Противпожарните екипи напорно работат, меѓу нив е и првиот човек на Струмица, кој и вчера неуморно помагаше за спасување и за гасење на пожарите.

Не сака да говори за својата повреда и изгореница, вели сите наши мисли сега се свртени кон повредените и се молиме тие да се опорават, eве што за А1 изјави Зоран Заев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Падна далновод во Шпанија и предизвика пожар, најмалку 12 лица загинаа

Шпанија: Андалузија погодена од најразорниот пожар досега, 12 лица загинаа

Горан Наумовски

Голем пожар во Атина, повредни се 11 лица

Вкупно 14 пожари на отворено, два сѐ уште активни

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

ВИДЕО: Пожарот во Кисела Вода е ставен под контрола, повреден пожарникар

Катерина Ѓуровски