И вториот резултат на министерот Филипче е негативен на коронавирус

Од:

Министерството за здравство информира дека и вториот резултат од тестирањето на министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче е негативен на коронавирус.

„Денеска го добив резултатот од мојот втор тест на ковид-19, кој исто како и првиот е негативен на вирусот. Со ова, практично, завршува мојата 14-дневна изолација која ја спроведов на сопствена иницијатива и покрај тоа што епидемиолозите не сметаа дека сум во ризик. Во изминатите две недели сите мои работни обврски ги извршував од изолација и одржував редовни онлајн состаноци со Комисијата за заразни болести, лекарите во здравствените установи, колегите во владата и медиумите и се функционираше беспрекорно. Од денеска продолжувам со вообичаениот начин на работа во Министерството за здравство. Продолжувам да управувам со сите активности на министерството и ситуацијата со коронавирусот во земјата. Им благодарам на сите за поддршката“, потенцираше министерот Филипче.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска