И во услови на енормно високи температури, струмичани немаат проблем со водоснабдувањето

Од:

„Иако втората половина од јули ја карактеризираат температури кои ја достигнуваат бројката и до четириесет степени целзиусови, состојбата со водоснабдувањето во Струмица, и во услови на зголемена потрошувачка е стабилна.

Од ЈПКД „Комуналец“ истакнуваат дека за разлика од некои други градови и региони во државата, во кои граѓаните мака мачат со задоволување на своите потреби од чиста вода за пиење, состојбата во Струмица е сосема поинаква.

Според зборовите на Андреј Тошев – раководител на Одделението за проектирање и надзор во ова Јавно претпријатие, потрошувачката изнесува околу 500 кубни метри вода на час, што е за околу 100 кубни метри повеќе од претходниот период, но тоа не претставува проблем во испораката на потребната количина вода. Сепак од „Комуналец“ апелираат до граѓаните, водата да ја користат рационално“, велат од Општина Струмица.

„Ги известуваме граѓаните дека и покрај зголемената потрошувачка на вода која што ја бележиме во овој период, поради високите температури, ситуацијата со водоснабдувањето е стабилна. Имено, во моментот ја бележиме максималната потрошувачка на вода, во однос на изминатиот период, која што изнесува зголемување од околу 100 метри кубни вода на час. Во моментот потрошувачката изнесува некаде околу 500 метри кубни вода на час. И покрај тоа зголемување, ние немаме проблем да ја испорачаме потребната количина вода до потрошувачите и поради тоа не планираме воведување на рестрикции во наредниот период. Сепак, за да не дојде до неконтролирано зголемување на потрошувачката, апелираме до граѓаните рационално да ја користат водата, барем во периодот на вака високи температури“, рече Андреј Тошев.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски

Запленети околу 600.000 евра во готовина во Струмица, се истражува потеклото на парите

А1он

Сметките за вода за август во Гостивар нема да се плаќаат

А1он

Производителите на ајварка од Струмичко бараат почитување на договорените откупни цени

Голем пожар кај Струмица, се вклучи и еден ер трактор

СДСМ: Мицкоски избега од пуштањето вода во Гостивар – истиот ден водата забранета во Демир Капија