И Вевчани ќе има Триумфална порта

Од:

Привршува изградбата на „Портата Вевчани“ низ која од Ѓурѓовден, вевчанци и гостите ќе влегуваат во „державата“, објави порталот „Охрид Њуз“.

Како што информираат од локалната самоуправа на општина Вевчани, Портата ќе биде осветлена со неколку канделабри, а соодветно осветлени ќе бидат и пешачките патеки, кои наскоро ќе бидат изградени и ќе водат од портата до самото село.

„Портата Вевчани“ која се гради во месноста викана Суво поле, е донација на вевчанската градежна компанија „ВИА“.

Во близина на манастирот „Св. Спас“, на 1300 метри надморска височина, ќе биде подигнат и крст со висина од 25 метри, чиј камен темелник ќе биде поставен в недела, известува „Охрид Њуз“.

Би можело да ве интересира

Вевчанскиот карневал заврши со василичарско оро и палење на маските

Вевчански карневал – традиција долга илјадници години со посебно место во македонската култура

А1он

Вевчани подготвено за Вевчанскиот карневал на 12 и 13 јануари

Обвинителството ги утврдува причините за смртта на седумесечното бебе од Вевчани

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

A1on

Во Вевчани: Маж со пушка пукал кон домашни миленици