А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

И театарџиите со писмо до Владата против високите придонеси за хонорарите

by А1он28/12/2014 - 09:0728/12/2014 - 13:07254
Share0

Театарските актери, режисери, сценографи и другите театарски професионалци се потпишуваат на отвореното писмо до Владата во кое протестираат противпревисоките придонеси за хонорарците. Во писмото тие пишуваат:

Добивај вести на вибер

„Законските измени за плаќање на придонеси на хонорарците внесоа силен немир меѓу театарските работници. Театарот е слободарски медиум кој вклучува многу различни професии кои едноставно не можат да бидат вклопени под „капата“ на една институција. Како резултат на тоа, голем дел се принудени да работат хонорарно. Дополнително, луѓето кои се во редовен работен однос, скромните примања ги надополнуваат со хонорарна работа, а со новите измени ќе бидат дупло оданочени.

Чувството да се работи театарска претстава е единствено, а заедницата која се оформува на „штиците кои живот значат“ дише со еден здив. Затоа веруваме дека последиците од законот негативно ќе се одразат на секој од нас. Стравуваме дека ќе се намалат скромните хонорари заработени во текот на годината, а законските измени ќе паднат на грбот на тие кои се незаштитени. Буџетите на претставите кои и до сега беа скромни, со цел да се амортизира ударот од новиот закон, ќе се намалат дополнително, со што неминовно ќе дојде до намалување на квалитет и квантитетот на претставите.

Театарот длабоко продира во свеста на гледачите. Знае да ве насмее и да ве расплаче, но за разлика од евтините серии со кои сме преплавени, знае и да ги преиспита вашите ставови, да ве замисли и да ве промени. Да не заборавиме дека зад сето тоа има многу пот и бескомпромисна пожртвуваност. Има пред сѐ луѓе; некои ги гледате пред вас, а некои работат неуморно зад сцената вложувајќи сто проценти од својот труд. За жал повеќето од нив со новите измени во законот ќе живеат за многу проценти полошо.

Ние сме против измените во законот и се надеваме дека сериозно ќе го земете предвид нашиот глас.“

honorarcihonorariteatar

Би можело да ве интересира

Актерот Сашо Тасевски доби награда за улогата Фестер Адамс во претставата „Фамилијата Адамс“

Предраг Петровиќ16/04/2025 - 15:09

Џенкинс: Да ги надминеме традиционалните сценски простори, да се вклучиме во заедниците

Катерина Ѓуровски27/03/2025 - 10:49

Четворица обвинети за изградбата на театарот и библиотеката во Тетово

Горан Наумовски18/12/2024 - 16:1718/12/2024 - 17:07

Меџити ќе го критикува Бесими: Седум месеци договарам да се вработат сите што се на определено

A1on11/12/2023 - 13:0511/12/2023 - 15:13

Агенцијата за филм без критериуми исплаќала хонорари од 15.000 до 60.000 денари за рецензенти, утврдија ревизорите

A1on25/05/2023 - 14:33

Актерот Висар Вишка разрешен од директорското место од театарот во Гостивар, инспекцијата утврдила неправилности

Ана Василевска21/12/2020 - 21:0922/12/2020 - 08:51
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен