И таткото на Пепица не е лозар – партиски злоупотреби на земјоделците

Од:

Тенденцијата да се организираат земјоделски протести зад партиски превез продолжуваат. Иако зад вчерашните земјоделски протести, земјоделците, лозарите и овоштарите демантираа дека зад нив стои политичка партија, повеќе членови од ВМРО-ДМНЕ се појавија на протестите, а некои од нив ги испратија своите најблиски да изразат поддршка, со цел суптилно да се затскрие очигледното.

Најголемото внимание го привлече Пепица Честојнова – девојката облечена во кошула со логото на „Бурбери“ која на интернет може да се најде за околу 200 американски долари. Иако се остава можноста кошулата што ја носеше на земјоделските протести да не е оригинал, таа го привлече вниманието на камерите да одговори кои се нејзините барања на земјоделските протести. За „А1он“, како што објавивме и вчера, Честојнова рече дека не е земјоделка, но дека „нејзините дома се занимаваат со земјоделство“.

Сепак, извори за „А1он“ открија дека нејзините родители немаат некои допирни точки со земјоделството – нејзината мајка Павлинче Честојнова е пратеничка во Собранието од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а нејзиниот татко Богдан Честојнов, според она што го има објавено на неговиот Фејсбук профил, работи во Министерството за одбрана.

Пепица и Павлинче Честојнови

На вчерашните протести беше и Цветан Трипуновски, претседател на комисијата за земјоделство во ВМРО-ДПМНЕ кој напиша дека „секогаш ќе биде во првите редови и ќе дава поддршка додека Заев си поигрува со маката на земјоделците“.

„А1он“ минатиот месец објави аудио запис на кој се слуша дека општинските комитети на ВМРО-ДПМНЕ стојат зад организацијата на протестите на земјоделците кои се одржаа во тиквешкиот регион.

Снимката била снимена на состанок на 14 септември во партиски простории во Неготино, каде што присуствувале претставници од ОК од таа општина, но и од од Кавадарци, Росоман, Градско и Демир Капија, потоа претседателот на партиската комисија за земјоделство, и претставници од здружението „Тиквешки лозаро-овоштари“.

Во разговорот се слушаат разни дилеми – дали да се протестира на три локации или една, како да се соберат најмалку 150, наместо 30 луѓе како дотогаш, како да се мобилизира Унијата на жени, на млади… Се спомнуваат и забелешки од централата дали на протестите требало да се појавуваат претседателите на ОК, но и најави дека ако блокадите станат помасовни, тогаш  – и лидерот би можел да дојде.

На протестите присуствуваше и Александар Трајковски, советникот од Општина Гази Баба кој доби отказ од Царинската управа откако го посети експремиерот – азилант Никола Груевски во Будимпешта, а изјави дека таму бил затоа што имал проблеми со синусите. На вчерашните протести беше и неговиот колега,  претседателот на Советот на Општина Гази Баба, Тони Бојковски.

Александар Трајковски на вчерашните протести

Во земјава речиси и да немало автентичен земјоделски протест, без политичка заднина, особено во предизборни периоди, што само го отвора прашањето дали партиите воопшто можат да им помогнат на земјоделците или пак тие им помагаат ним кога им е потребно собирање гласови.

Би можело да ве интересира

Николоски: Во следните две недели ќе продолжиме да работиме уште поинтензивно за уште поголема победа

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, Македонија повторно ќе биде горда и твоја

Горан Наумовски

Мицкоски: Мислеа дека си имаат работа со мали деца, победуваме со повеќе од 170.000 гласови разлика

Орце Костов

Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Од 714 обработени избирачки места, 44 отсто од гласовите се за Сиљановска, 19 отсто за Пендаровски, покажува статистиката на ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ: Забележани се случаи на семејно гласање и притисоци во Сарај

Орце Костов