И Солза по стапките на Роза

Од:

Дали и Солза Грчева ќе појде по стапките на Роза Топузова Каревска?! Го укина ФБ профилот, каде до вчера беше секојдневно активна, не одговара на телефонските повици и размислува опозицискиот бојкот да го замени со пратеничката фотелја.

Грчева веќе најави дека бојкотот за кој се заложи опозициската коалиција за неа не бил прифатлив. И таа како и нејзината колешка од ЛДП сака борбата за уривање на власт да ја води во удобниот Законодавен дом, иако никој од гласачите не го побара тоа од нив.

Грчева изјави дека до среда кога треба да се одлучува за пратеничките мандати ќе размислува, но ќе биде гласна дека бојкотот не е решение.

Во меѓувреме Грчева си го поврзала приватниот лат топ со собранискиот акаунт и си ја троши пратеничката плата. Според неа, местото пратеник сама си го изработила и заслужила, исто како и Топузова. И двете добро знаат дека за пратеници беа избрани благодарение на коалицискиот опозициски договор, дека и двете беа на високи места на листите и дека не се гласа за личност туку за партија или коалиција. Доколку би излегле сами на избори, сигурно нема да го добијат потребниот број гласови.

Нашиот изборен модел не е мнозински, ниту пак со отворени изборни листи. Нивниот мандат им припаѓа на нивните партии, бидејќи граѓаните не гласале директно за нив. Нивното име не беше на гласачкото ливче. Солза Грчева, се најде на листата на изборната единица 1 и тоа од општинската организација во Центар.

Центарци и гласно негодуваа дека Грчева не заслужува да биде на листата на пратеници, но ја почитуваа партиската одлука и работеа за што подобар резултат на изборите. Солза Грчева претходно беше и во ЛДП, одржа и прес конференција, за преку ноќ да го смени дресот на Либерал демократите со оние на СДСМ. Експресно ја превзема и раководната палка во Советот за образование, одржа неколку прес конфереции и на големо изненадување се најде на добитно место на пратеничката листа.

Грчева е професор на ФОН. Го поддржуваше и работеше проектот на Владата на Груевски за компјутеризација на образованието.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Милионските вмровски шеми во Еразмус+ мора да бидат расчистени и да следи одговорност

(ВИДЕО) Манасков: СДСМ со нови детали за скандалот со директорката – Кој стои зад вмровските шеми во Еразмус+?

(ВИДЕО) Јанковиќ: Нов скандал во Националната агенција Еразмус, Ана Михајлов осомничена од ОЛАФ назначена за в.д директорка?

(ВИДЕО) Битиќи: Срам за Владата, работниците и пензионери не се виновни за поскапувањата

Горан Наумовски

СДСМ: Се партизира секоја позиција, па дури и личните асистенти за децата со посебни потреби

СДСМ: Обвинителство да поведе кривична постапка за началникот Роберт Мартиноски и да ја прошири истрагата