ВИДЕО: И покрај засилените закани лекарите масовно на штрајк

Од:

Лекарите од Клинички центар масовно се одзваа на повикот за штрајк, кој почна во 7 и 30 часот и заврши со излегување кај Хелиодромот кај Клинички центар во 10 часот.

Според лекарите уште од рано изутрина се вршат невидени притисоци од менаџментот за да се попречи штрајкот, а во одделни случаи биле упатувани и закани.

Најголеми притисоци имало во Стоматолошката клиника, каде што се појавија соопштенија,  но и  на Гинекологија, каде што бил евидентиран зголемен број на „пациенти“.

Сепак според Синдикатот, сите пациенти кои имаа итна потреба од медицинска услуга им е пружена и повторуваат дека пациентите се нивен приоритет и во вакви услови.

Лекарите тврдат дека нема да отстапат од штрајкот се до исполнување на нивните барања, а тоа е корекција на платите и на учинокот кој што го воведе министерот за здравство.

Би можело да ве интересира

Лекари од странство ќе ни помагаат преку телемедицина

Специјалистите ќе може да продолжат со работа до 70-годишна возраст

Тројца доктори вратиле 25 илјади евра во буџетот, им биле натплатени

Пензионирани лекари и сестри ќе можат да работат до 70-годишна возраст

Доктор во јавно здравство заработил 700 илјади денари за еден месец

Предраг Петровиќ

Алиу: Се воведува дигитално водење на медицинската документација