И по уривањето на дивоградбата, во Трпејца сеуште тензии

Од:

Непознат сторител вчера во нивата на Ристо Климоски во селото Трпејца исекол повеќе од триесет четиригодишни стебла од сливи, бадеми и цреши и друго овошје. Тие се сомневаат дека зад овој случај се кријат последните настани во селото и уривањето на дел од објектот на фирмата Ивире, поради што во јавноста се крена голема прашина.

Постои сомнеж дека тоа е одмазада за неговиот ангажман околу уривањето на дивите градби на ИВИРЕ. Полицијата изврши увид.

„Се надеваме дека сторителите ќе бидат фатени и казнети.“ велат од Месната заедница на Трпејца. Потсетуваме дека месната заедница не ги измисли или изгласа законите. Никој не дојде кај нас и не побара совет дали да гради или не. Значи одговорноста за постапките останува кај секој поединец посебно. Потсетуваме дека параклисот е поставен на свето место и тој простор со векови бил користен за таа намена. И никој до сега не не спречувал да го користиме, освен сопственикот на дивите градби ИВИРЕ велат жителите на Трпејца. Трпејчани уште нагласуваат дека деноиве врз нив и врз членови на Одборот на месната заедница се вршел невиден притисок.

Инспекторите се селат во Охрид

За Охрид и понатаму главен проблем остануваат бучавоста, поставувањето на урбана опрема како и работното време на угостителските објекти.

Општинските и државни инспекциски служби на заедничка средба ги договараа активностите и насоките за заеднички настап со цел справување на проблемите оваа туристичка сезона.

Градоначалникот Александар Петрески искажа уверување дека оваа туристичка сезона ќе биде поуспешна од минатата со повеќе туристи но призна дека со тоа ќе се појават и проблеми во однос на оние кои ќе сакаат да заработат во Охрид на диво.

Тој очекува дека сите инспекции ќе делуваат координирано со цел спречување на сите појави и проблеми. Раководителот на општинскиот инспекторат Танас Танаскоски кажа дека проблеми има но оти според тоа како за сега стојат работите ќе ги има летово далеку помалку од лани.

Вината е меѓу нас инспекциите, и тоа мора да се признае. Сега некој инспектори веројатно работењето го решаваат на поинаков начин, но тоа е никвни проблем рече Танаскоски.

Началникот на Пазарниот инспекторат Ѓорѓи Бошале кажа дека нивните активности продолжуваат и во сезоната , и дека на помош за реалзиирање на сите активности ќе пристигнат инспектори од други градови поради малиот број инспектори во Охрид. За надлежните во општината денешнава средба не се одржува доцна иако Охрид се наоѓа во екот на главната туристичка сезона.

Мики Траковски

Би можело да ве интересира

Почина седумесечно бебе во болница во Охрид: Паднало од кревет во домот во Вевчани

Орце Костов

Приведен охриѓанец, го фотографирал гласачкото ливче

Катерина Ѓуровски

Работнички од Непал му избегале на газдата од Охрид, случајот пријавен во полиција

Орце Костов

(ВИДЕО) Пожар во охридската кафеана „Беко“

Горан Наумовски

Ванковска: Сосема нов Устав, затоа што постоечкиот е неупотреблив – дели наместо да сплотува

А1он

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

Орце Костов