• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: Кристијан Ландов
Македонија

И по оставката на Рашковски, Владата тврди дека од софтверот бенефит ќе имаат граѓаните

by Кристијан Ландов14/04/2021 - 18:4014/04/2021 - 20:51607
Share0

И покрај оставката на Драги Рашковски, Владата останува на ставот дека софтверот е набавен во транспарента постапка, како и дека тој е потребен, а институциите ќе го користат. Од Владата потврдуваат и дека денеска му е последен работен ден на Рашковски. „А1он“ се обиде да исконтактира и со поранешниот секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализација на програмата на Владата, но тој не одговара на повиците.

Добивај вести на вибер

„Драги Рашковски достави до премиерот писмо со кое го известува дека се повлекува од функцијата. Тоа е негова лична одлука и има право на тоа. Владата во неколку наврати ги охрабри институциите да проверат дали се прекршени какви било процедури, правила, стандарди.  Уште еднаш потенцираме дека набавката на софтверот е спроведена во целосно транспраентна процедура, во целосна соглансост со законот за јавни набавки, институциите имаат потреба од тој софтверот за сообраќај, истиот е набавен по сума која била спуштена низ тендерската постапка, тој софтвер е тестиран, исправен, функционален и нашите институции ќе го користат, а банефит ќе имаат граѓаните и нивната безбедност“, велат од Владата за „А1он“.

Иако ја искоментираа набавката на софтверот, од Владата без став за зголемувањето на имотот на Рашковски за над 50 илјади евра откако тој си замина од функцијата генерален секретар на Владата.

Од Државната комисија за спречување на корупција кои ги истражуваат случаите поврзани со Рашковски, велат дека неговата оставка не влијае во работата и постапувањето во предметите.

Софтверот за сообраќајни прекршоци, кој не е во употреба, бил платен 81.000 евра и за него објави „360 степени“. На огласот на Генералниот секретаријат на Владата во ноември 2019 година за изработка на софтвер за сообраќајни прекршоци, за автоматско казнување во системот „Сејф сити“ на МВР се пријавиле три компании. Победила компанијата „Инвока“. Софтверот е платен во февруари 2020 година, шест дена пред изборите. Овој софтвер веќе една година не е во употреба.

Освен Обвинителството предмет за случајот отвори и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Премиерот Зоран Заев рече дека нема сомнеж за набавката.

Во екот на оваа афера, Рашковски со семејството замина на годишен одмор во Мексико.

raskovski

Би можело да ве интересира

Рашковски доби куќен притвор и забрана да комуницира со тројца од обвинетите во „Софтвери“

Горан Наумовски06/07/2023 - 17:12

Осум години затвор за перење пари, местење тендери за Рашковски – Пресуда за „Софтвери“

Анита Петровска Рајковиќ06/07/2023 - 14:1306/07/2023 - 17:50

Рашковски за „Софтвери“: Кај мојот патент камерите може да бидат во движење

Горан Наумовски14/03/2023 - 14:1514/03/2023 - 15:10

Рашковски: Можеби е комплетно погрешна перцепијата дека позади дојавите за бомби стои некои човек, група или организација

Горан Наумовски04/03/2023 - 10:4504/03/2023 - 14:35

Судењето за „Софтвери“ продолжува на 14 март

Ана Ололовска02/03/2023 - 13:54

Вештак од областа на информатички технологии сведочеше за „Софтвери“

Ана Ололовска02/03/2023 - 13:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен