И оваа зима ќе се вози без еколошки налепници, против загадувањето со поскап паркинг и бесплатен јавен превоз

Од:

Во денови на високо загадување и оваа зима нема да се ограничи сообраќајот со еколошки налепници на возилата и покрај усвоените измени на Законот за возилата. Законот предвидува возилата да се поделат на три категории и во зависност од количината издувни гасови што ја испуштаат да се ограничува движењето во условни на енормно загадување. Од Министерството за економија велат дека до февруари в година ќе се подготвуваат подзаконските акти со кои ќе се регулира обврската за налепниците, а примената ќе почне во август.

„Еколошката категоризација на возилата ќе почне на 13.8.2020 година. Оваа зима нема да почне ограничувањето. Во согласност со член 67 од Законот за изменувањето и дополнувањето на Законот за возилата, подзаконските  акти предвидени со овој закон ќе се донесат во рок од 6 месеци, односно до 5.2.2020 година“, изјавија од Министерството за економија за „А1он“.

Од Град Скопје велат дека и годинава во денови на енормно загадување во сила им остануваат мерките бесплатен јавен превоз и поскап паркинг на повеќе локации за дестимулирање на користењето возила.

Додека се чекаат налепниците, од Министерството за економија информираат дека како мерка за намалување на загадувањето до крајот на оваа недела ќе биде објавен огласот за субвенции за вградување погон за гас, метан или друг вид алтернативно гориво во возилата и ќе почне поднесувањето барања од заинтересираните возачи.

Субвенции за купување нови возила се очекуваат в година.

„Во врска со програмата за субвенционирање дел од трошоците за купување ново возило со одјавување на старото, начинот на субвенционирање и постапката за надомест на дел од трошоците за купување ново возило е предвидено да почне во почетокот на 2020 година. Формирана е работна група која работи на моделот на субвенционирање и набргу Владата на Република Северна Македонија ќе одлучи за начинот за субвенционирање“, велат од Министерството за економија.

И од Град Скопје најавуваат мерки в година. Од април 2020 година треба да бидат пуштени во употреба 33 еколошки автобуси, а во рамките на борбата против загадувањето веќе  реконструирале 14,6 километри велосипедски патеки, реализирани биле субвенции за 4.000 велосипеди и 200 електрични тротинети, субвенционирале печки на пелети и инвертер-уреди.

Од Градот велат дека покрај веќе преземените мерки, на терен постојано е Инспекторатот на Град Скопје, чии инспектори работат на пронаоѓање и спречување на сите лица што придонесуваат за загадувањето преку палење стрништа, диви депонии, кабли, гуми и слично.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Државни субвенции во Србија: 5000 евра за електично возило, 20.000 евра за нов стан

Субвенции за клими: За југозападна Македонија ваучери од 25.000 денари, за останатите 2000 помалку

Орце Костов

Не е точно дека оваа влада ќе ги укине субвенциите за струја од први јули, вели Битиќи

(ВИДЕО) Вашите деца не мрзнат, што да јаде моето дете: Викотници на вработени во ЈСП кон советниците на ВМРО-ДПМНЕ

Александар Тодески

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот