И оваа година Credissimo им посакува топло добредојде на првачињата на првиот училишен ден

Од:

Втора година по ред се спроведува кампањата под име „Секогаш биди број 1”, преку која компанијата подари околу 750 училишни прибори во 21 основно училиште

Започна новата учебна година, во која голем број првачиња ја почувствуваа возбудата и за првпат седнаа во училишните клупи.

Компанијата Credissimo која постојано применува општествено одговорни практики, неодамна формираше платформа ‒ Активирај се навреме, во чии рамки оваа година за втор пат ја реализираше кампањата „Секогаш биди број 1”, посветена токму на првачињата и на првиот училишен ден.

Каква е целта на кампањата?

Кампањата „Секогаш биди број 1” продолжува со истата цел – да ги израдува и мотивира малите првачиња, но оваа година со уште поголем број, односно сега Credissimo подари околу 750 училишни прибори во 21 основно училиште, лоцирани во Охрид, Битола и во Тетово. Во Скопје, повторно на подароците им се израдуваа дечињата од основното училиште за деца со посебни потреби „Д-р Златан Сремец“.

Навистина сме многу среќни што повторно ја реализираме оваа активност, особено во овој период кога сите се соочуваме со големите поскапувања. На овој начин, покрај тоа што ќе ги израдуваме најмалите, учениците ќе имаат и можност за поефикасно изведување на наставата. Оваа кампања е од големо значење за нас, бидејќи сме свесни дека клучот за подобра иднина е токму во рацете на најмладите генерации, па вложувањето во образованието како еден од најважните столбови во општеството е од огромно значење. Оваа година, донацијата е обезбедена во рамките на платформата Активирај се навреме, која ја формиравме неодамна и која има за цел да реализира општествено одговорни кампањи од социјален, хуманитарен и еколошки карактер – изјави Георги Руков, директор на Credissimo.

Оваа активност е втора што се остварува преку платформата посветена за реализација на национални општествено одговорни кампањи ‒ Активирај се навреме. Првиот голем хуманитарно-еколошки проект „Секое капаче е вредно“ започна на почетокот на летото. Негова главна цел е да се активираат граѓаните со цел да соберат колку што е можно повеќе пластични капачиња, а тие ќе бидат преземени за рециклирање, така што директно се помага за подобрување на животната средина, но тоа има и хуманитарна цел, бидејќи средствата кои ќе се обезбедат преку откупот за рециклирани капачиња, заедно со финансиската поддршка од главниот покровител Credissimo ќе бидат наменети за реновирање на голем број детски здравствени одделенија во целата држава.

Од компанијата велат дека се планирани уште голем број проекти кои ќе се реализираат преку оваа платформа.

ПР Текст

Би можело да ве интересира

Новогодишна магија од Credissimo

Страшно добра понуда во Credissimo

Credissimo станува симбол за поддршка и мотивација на првачињата

Ѓорчев: Нема првачиња, празни училишта

Во прилепските училишта 130-ина помалку првачиња, состојбата ќе предизвика општествени промени

Во Велес и Велешко секоја учебна година сè помалку првачиња