И ова лето заеднички патроли на македонската и српската полиција во Охрид

Од:

Викендов во Охрид отпочнаа заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи.

Заедничките активности ќе се одвиваат со цел зголемување на степенот на безбедноста во Охрид, размена на информации и продлабочување на меѓусебната полициска соработка.

При спроведувањето на полициските мерки на терен, српските полициски службеници ќе даваат подршка на полициските службеници од СВР Охрид во активностите насочени кон обезбедување на јавниот ред и мир, контрола на угостителските објекти и ќе бидат подршка на македонските и на државјаните на Република Србија кои за време на туристичката сезона престојуваат во Охрид.

Српските полициски службеници при заедничките патроли со припадниците на Секторот за внатрешни работи Охрид, нема да имаат полициски овластувања и при реализација на полициската работа на терен ќе бидат обврзани да постапуваат во согласност со националното законодавство на Република Македонија.

Тие, нема да имаат полициски или други извршни овластувања и нема да го носат службеното оружје и другата службена опрема. Заедничките полициски патроли меѓу полициските службеници од македонското и српското министерство за внатрешни работи ќе се реализираат до крајот на август кога во Охрид во две смени ќе патролираат еден униформираниот полициски службеник и еден полициски инспектор на криминалистичката полиција на Министерството за внатрешни работи на Република Србија.

Заедничките полициски патроли се резултат на постигнатиот договор меѓу Владите на Република Македонија и Република Србија за полициска соработка потпишан на 30-ти ноември 2011 година.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 3 степени утринава почувствуван во Охридско-струшкиот регион

Првите полски туристи од Вроцлав слетаа на аеродромот во Охрид, почнуваат две нови авиолинии од Вроцлав и Катовице

Охрид SOS со барање до Министерството за култура за итна привремена заштита на заштитена куќа во градот

Горан Наумовски

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените осум граѓани зел околу 56.000 евра

Мртов маж е пронајден во стан во Охрид

(ВИДЕО) За „влакно“ избегната трагедија во Охрид: Параглајдерист за малку ќе удреше во мајка и дете

Горан Наумовски