Новинарскиот синдикат ги поддржа професорите што штрајкуваат со глад

Од:

Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска се солидаризираше и даде поддршка на професорите Крсте Шајноски, Маргарита Матлиеска и Александар Костадиновски, кои штрајкуваат со глад во Штип.

„ССНМ ја поздравува и одлуката на СОНК да им се приклучи на своите колеги и заедно да извршат јавен притисок врз ректорот на штипскиот универзитет „Гоце Делчев“ да го спроведе законот и решението на Државната просветна инспекција во кое беа утврдени неправилности во делот на критериумите за избор на професорите во оваа високообразовна институција. Бараме Наставно научниот совет итно да ја преиспита својата одлука да не ги прифати позитивно оценетите рецензии за тројцата професори со што ги загрози нивните работни места како вонредни професори на Економскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев““, се вели во соопштението до ССНМ. Новинарскиот синдикат вели дека е згрозувачки тоа што денеска некои мора да го обрне вниманието на јавноста преку најрадикалниот штрајк – тој со глад.

„Разочарани сме и згрозени што за остварување на своите работни права универзитетските професори мораа да пристапат кон најрадикалната форма на протест, штрајк со глад и воедно апелираме до сите надлежни да го свртат вниманието и кон нивната здравствена состојба која сериозно се влошува“, се вели во соопштението од синдикатот на новинарите.

Би можело да ве интересира

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он

Во штипската Клиничка болница донесено мртво новороденче, неговата мајка го родилa во двор