И Најчевска на информативен разговор во МВР: Се обидуваат да не заплашат

Од:

Освен извршната директорка на Хелсиншкиот комитет, покана за информативен разговор во МВР добила и универзитетската професорка Мирјана Најчевска. Според неа, поканата на која стои „Давање изјава во врска со дело сторено при демонстрации“ е обид да се заплашат сите оние кои протестираат.

Таа за А1он вели дека ова е вршење притисок на сите оние кои го искажуваат незадоволството, особено за аболицијата со која им е простено на големи криминалци.

– Ова го сметам како дискриминација, од ова произлегува дека сите оние кои се спротивставуваат ќе бидат казнети, а оние кои прават невиден криминал ќе бидат помилувани, вели Најчевска.

Шарената револуција маршира низ улиците на речиси сите градови во Македонија повеќе од еден месец, а камерите на МВР ги следат демонстрантите во секој чекор, особено при боењето на државните институции, згради, кои како што тие на повеќе наврати истакнуваат, се на граѓаните, а не на некоја политичка елита.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

„Нема да нè снема“, „Ниту една повеќе“: Протест во Скопје против фемицидите, побарана одговорност за смртта на Билјана

Протест против фемицид и институционално насилство во Скопје – „Жените продолжуваат да бидат убивани“

А1он

Јанев за акцијата во Куманово: Криминалната група дејствувала повеќе од пет години