И на свадби задолжителен електрошок апарат

Од:

Сите фирми кои имаат над 100 вработени од идната недела ќе мора да набават дефибрилатори, апарати за електрошокови, со кои ќе управуваат пет обучени лица, најави министерот за здравство Никола Тодоров.

И покрај укажувањата и критиките, проектот ќе се спроведе, што ќе значи дека дефибрилатори ќе мора да имаат и хотелите, каде за време на одржувањето свадби и свечености мора да мора да биде присутно лице, кое ќе ракува со дефибрилаторот.

Кај компаниите кои имаат над 100 вработени, но се распоредени во повеќе подружници, а во кои нема над 100 вработени, ќе треба да има само кутија за прва помош и едно до две лица обучени да дадат прва помош.

Ова министерот го објаснува со грижата за зравјето, бидејќи кардиоваскуларните болести биле најчеста причина за смртност во Македонија.

Според министерот, проектот не е експеримент во Македонија, туку тој се применува во САД, Австрија и Франција.

Сашко Кедев, директорот на Клиниката за кардиологија вели овој проект е прв чекор на државата, за да се намали смртноста.

Би можело да ве интересира

Во завршна фаза комплетното реновирање на КАРИЛ и на четири операциони сали

А1он

Здравството не може да се реформира „на слепо“, Алиу објави регистер на вработените

Катерина Ѓуровски

Граѓанските организации апелираат: Превенцијата не е трошок, туку инвестиција!

(ВИДЕО) Цветановски: Зошто за шокантниот скандал со операциите веднаш не се поднесени кривични пријави?

Горан Наумовски

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот