И Миноски е виновен за кратењата на ИПА!

Од:

Доцна се сети Кирил Миноски дека во Р.Македонија, Меѓународниот Монетарен Фонд има своја канцеларија.

После 21 година, откако ММФ реши да ја остави постојаната канцеларија без резидентен претставник, Миноски реши да оствари средба со претставниците на ММФ.

Врв на иронијата е причината за средбата!

Кирил Миноски кога бил директно одговорен за работата на УЈП, односно како нејзин директор, бил носител на реализацијата на проект за намалување на административниот товар на даночните обврзници преку подобрување на услугите на Управата за јавни приходи и поедноставување на процедурите. За реализација на овој проект имало назначено и твининг партнер – шпанската даночна администрација и биле обезбедени 1.26 милиони евра од ИПА претпристапните фондови.

За жал проектот не е имплементиран во своите најважни компоненти од една едноставна причина: поради недостаток на посветеност, како и достапни ресурси во институцијата корисник; доцнење со усвојувањата на дополнувањата на актите за систематизација и организација на Управата за јавни приходи, доцнење на договорите за твининг / градежни работи! Работната околина не била поставена најдоцна до крајот од 2015 година (согласно предвидените рокови)!
Поради сето горе наведено Општата цел, целта на проектот, задолжителните резултати и планираните бенчмаркови не можеле да бидат постигнати!

Ова се резултатите од директорувањето на Кирил Миноски во Управата за јавни приходи.

Поради ваквиот однос на Груевски и неговите слепи послушници, Р.Македонија веќе изгуби речиси 100 милиони евра од ИПА програмата, реагираат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Нивниот став личи како да е дојден од некоја испорака од „Али експрес“, Мицкоски за обвинувањата од опозицијата

(ВИДЕО) Кузеска: 5 нови рудници, антимон, дата центри – во тек е голема пљачка на Македонија!

А1он

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

СДСМ: Добивме опомена за тужба од АТС Груп и Шефшет Демировски, нема да се извиниме