И германската Амбасада реагира на изјавата на Мицкоски за Нирнбершките процеси

Од:

Споредбата на постапките на правосудните служби на Северна Македонија со Нирнбершките процеси е несоодветна, смета Амбасадата на СР Германија во Скопје.

Во својата писмена реакција на изјавата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во која судењето за случајот „27 април“ го спореди со Нирнбешките процеси, амбасадата наведува дека „со тоа се минимизираат делата на наци-злосторниците“.

-Одговорните лица во Северна Македонија треба да придонесат за надминување на поделбата на општеството и да водат конструктивен дијалог за иднината на земјата во правец на евроатлантските интеграции. Освен тоа, самите изјави за нирнбершките процеси се целосно неприфатливи, се наведува во посмената реакција на германската Амбасада.

Амбасадата на СД во Северна Македонија вчера реагираше на, како што оцени, потпалувачките изјави на политички лидери што предизвикуваат страв и поделби, особено кога некоректно за политички цели се користат историски настани како што е Нирнбершките процеси.

-Таквиот јазик е опасен и не придонесува за продуктивен дијалог во однос на напредокот на земјата. Клучно е лидерите овде да се ангажираат во поцивилизиран дијалог што ќе придонесе за стабилноста и просперитетот на Северна Македонија, објави Амбасадата на САД на својот Фејсбук профил.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче