Демократската партија на Албанците со соопштение до јавноста, кое е речиси идентично со тоа што го испрати ДУИ, побара да не се прибегнува кон насилство на утрешните протести, но и „надлежните институции да се справат со овој судски случај, почитувајќи ги целосно меѓународните стандарди“.
„Земајќи ги во предвид унифицираните апели на меѓународната заедница во земјата, Демократската Партија на Албанците, силно ги повикува сите граѓани да бидат смирени и да се воздржат од акти на насилство.
Сите граѓани имаат право да протестираат и да ги изразат своите ставови мирно, но не и да се вклучат во насилни или деструктивни дејствија.
Демократска Партија на Албанците ги повикува надлежните институции да се справат со овој судски случај почитувајќи ги целосно меѓународните стандарди.“, стои во соопштението.