И денеска прекин на сообраќајот на преминот Евзони

Од:

Сообраќајот на граничниот премин Евзони-Богородоца, на македонско-грчката граница и денеска е во прекин во двата правца и за патнички и за моторни возила поради поставена блокада од трактори од страна на грчки земјоделци, соопшти АМСМ. Границата може да се помине само пеш.

Блокадата од трактори грчките земјоделци на преминот Евзони ја поставија вчера во 16 часот и 30 минути. Засега нема информација до кога ќе трае штрајкот на земјоделците.

Македонските гранични служби синоќа инфрмираа дека се во постојан контакт со грчките колеги, но и од таму нема информација кога ќе заврши блокадата бидејќи грчкиот Синдикат на земјоделците се уште не се изјаснил.

За влез во Грција возачите можат да го користат и граничните премини Дојран и Меџитлија.

Би можело да ве интересира

Од 17 часот шестчасовна блокада на граничниот премин Евзони

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

АМСМ: Од 17 часот затворен граничниот премин Евзони

А1он

Денеска и утре не се очекуваат блокади на граничниот премин Евзони кон нашата земја

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Богородица-Евзони под блокада до вечер до 22 часот