И денес примивме донација – американската фирма УПС му подари фрижидери на Институтот за трансфузиона медицина

Од:

Пет специјални мобилни транспортни фрижидери во вредност од 34.000 евра кои одржуваат температура од -20 до -86 Целзиусови степени доби Институтот за трансфузиона медицина на Република Северна Македонија. Станува збор за донација од Американската мултинационална компанија за меѓународен транспорт, достава и менаџмент на логистички ланец „УПС“, преку нивниот локален партнер „Ин Тиме МК“.

Овие преносливи фрижидери, како што соопштија од „Ин Тиме МК“, се дел од стратешките вакцинални планови на многу развиени земји, бидејќи ги исполнуваат највисоките стандарди за транспорт и чување на вакцини во изолирани и рурални средини. Поради малите димензии тие се идеални за клинички испитувања, чување и транспорт на лекови и препарати.

„УПС“ и неговиот локален партнер „Ин Тиме МК“ преку својот единствен ланец за испорака редовно вршат достава на вакцините на „Фајзер“/„Бионтек“ до Институтот за транфузиона медицина во Република Северна Македонија.

Стеван Пановски, директорот на „Ин Тиме МК“, му ја предаде донацијата на директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Садула Усеини, во присуство на раководителот д-р Рада Грубовиќ и лаборантот трансфузист Елица Јовановска.

-Здравствените работници веќе втора година се борат секојдневно за спас на човечки животи кои се загрозени поради Ковид-19. Крајот на епидемијата почна да се наѕира со почетокот на вакцинацијата. Сега здравствени работници се ангажирани и во обид да вакцинираат што поголем дел од населението. „УПС“ и „Ин Тиме МК“ им се заблагодаруваат на сите вклучени во справувањето и спречувањето на кризата предизвикана од Ковид-19 и верувам дека оваа наша донација ќе биде од мала помош за тие обиди, рече Пановски.

Усеини се заблагодари за донацијата и посочи дека за Институтот за трансфузиона медицина, кој е активен во процесот на чување и дистрибуција на вакцини, кои бараат и соодветен транспорт т.е. ладен ланец, оваа донација ќе овозможи соодветен транспорт на вакцините кои се чуваат на гореспоменатиот температурен транспортен опсег. Со ова, како што нагласи, се зголемува сигурноста на нивниот транспорт и се почитуваат стандардите за квалитет.

Мобилните транспортни фрижидери во иднина Институтот за трансфузиона медицина ќе ги користи за транспорт на свежо смрзната плазма. Оваа донација се совпадна со 25-годишното постоење на „Ин Тиме МК“ кој постојано и успешно го опслужува пазарот во доменот на експресни курирски и карго испораки, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

Орце Костов

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

Орце Костов

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска

Најзаразниот сој досега, „кракен“, не е откриен кај нас, но последната анализа е направена на 5 декември