И Дебар ја слави 100 годишнината од независноста на Албанија

Од:

Под мотото „И Дебар слави 100 години албанско знаме“ локалната самоуправа на Дебар од вечерва па се до 28 ноември ќе реализира низа активности, за што подоследно одбележување на 100 годишнината од незвисноста на Албанија.

Според градоначалникот Аргетим Фида, празничната програма има многу активности кои главно ќе се одржуваат во Центарот за култура.

– Одбележувањето го започнуваме вечерва со филмски маратон на нови албански филмови, кога ќе бидат прикажани девет филмови, од нив шест премиерно. Поетската манифестација „ Поетски порти- д-р Љутви Туркеши“ ќе се одржи на 17 ноември, премиерно на 22 ќе биде прикажана драмата „Скендер бег“ во режија на Џеват Лимани, централната манифестација ќе биде на 26 ноември вечерта со академија, а ќе има и други културни и спортски активности. Завршуваме на 28 ноември вечерта со голем огномет, изјави Фида.

Според него, посебн настан ќе биде пуштањето во употреба на новата спортска сала, што ќе се случи 23 ноември во 14 часот, на кое ќе присуствуваат претставници на мисијата на ЕУ, Советот на Европа, како и на министертвото за локалана самоуправа. Салата се изгради со средства добиени од Европската комисија.

Како што најави Фида, на 28 ноември, дебарска делегација во чиј состав ќе биде градоначалникот и повеќе советници ќе присуствува на одбележувањето во албанскиот приморски град Валона, каде пред 100 години е подигнато албанското национално знаме и прогласена независноста на државата.

 

Би можело да ве интересира

Голем пожар, кој брзо се шири е регистриран во Националниот парк „Преспа“

Горан Наумовски

Три лица се повредени во пожар во Албанија, над 2.000 се евакуирани

Маж од Кичево истепал адвокат во судница

Евростат: Албанија бележи најсилен пад на населението во Европа

А1он

Уапсена e жена во Дебарско, предизвика пожар на сува трева

А1он

На „Ќафасан“ уапсен кичевец осуден на 20 години затвор за трговија со дрога во Швајцарија