И Данска демантира дека го поддржала бугарското вето за преговорите со Македонија

Од:

Министерство за надворешни работи на Данска ги демантира информациите објавени во бугарските медиуми дека го поддржува ветото на Бугарија за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

-Информациите објавени во бугарските медиуми кои укажуваат на тоа дека Данска се приклучила кон ветото на Бугарија за пристапните преговорите на Северна Македонија во ЕУ не се точни. Данска ги поддржува актуелните предлози на Европската Комисија во однос на преговарачката рамка со Албанија и со Северна Македонија и тоа многу јасно го соопшти на сите форуми за преговори. Данска е подготвена да ги прифати овие преговарачки рамки, наведуваат од данското МНР.

Од Министерството, како што се посочува во веста, потенцирале дека Данска, дополнително, ја поддржува европската перспектива на сите земји на Западен Балкан.

-Во овој поглед, Данска го поддржува почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Северна Македонија, откако ќе бидат исполнети условите утврдени од Советот за општи работи во март 2020 година, велат од Министерството за надворешни работи на Данска.

Претходно денеска, и Холандската амбасада во Скопје ја демантираше веста која претпладнево ја објави бугарскиот весник „24 Часа“, повикувајќи се на неименувани дипломатски извори од Брисел, дека Данска и Холандија го поддржуваат ветото на Бугарија. „24 Часа“ го цитираше и фејсбук статусот на обвинетиот пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски, кој, исто така, се повика на неименувани дипломатски извори во Брисел, тврдејќи дека две земји членки на ЕУ ја поддржуваат Софија.

Би можело да ве интересира

Фредериксен: Европа не е подготвена за конфликт со Русија

Новата министерка за надворешни работи на Бугарија е креаторот на „Францускиот предлог“

А1он

Филипче: Македонскиот јазик не е загорезен, Мицкоски прдолжува со лажната одбрана на идентитетот

Мицкоски: Бугарскиот наратив кон Македонија нема да се промени

Железничка несреќа во Данска, има голем број повредени

Мицкоски: Нема уставни измени, ако треба ќе чекаме децении како што чекаа политичарите од Бугарија да го применат принципот на Живковизмот