И да ни се разделат патиштата да се разделиме како цивилизирани и семејни луѓе – Лога по хаосот во Алијанса

Од:

Генералниот секретар на Алијанса за Албанците и актуелен министер за правда, Кренар Лога го осуди нападот врз директорот на Агенцијата за управување со одземен имот, Дритон Небиу и инцидентот кога пред куќата на лидерот Арбен Таравари беше пронајден неиспукан куршум од автоматска пушка.

„ Можеме да имаме недоразбирања и несогласувања, но воопшто не треба да се одалечиме еден од друг од нашата заедничка куќа. Додека сите заедно се трудиме да го изнајдеме правиот и вистинскиот пат, повикуваме на самолонтрола и смиреност. Ние сме поминале многу настани заедно, како радосни така и тажни. Заради тоа апелираме и да ни се разделат нашите патишта, ова да го направиме како цивилизирани луѓе и семејни луѓе“, пишува Лога во објавата на Фејсбук.

Лога повика на самоконтрола и смиреност кај членството додека, како што рече, сите во партијата се обидуваат да го изнајдат правиот и вистинскиот пат.

„Го осудуваме секој ваков чин на насилство од кого било. Насилството не е решение. Нека полициските органи го обелоденат случајот и виновниците да се изведат пред лицето на правдата. Сме биле толку многу пати заедно што ни треба за да си го одржиме достоинството пред членовите на нашите семејствата“, додаде Лога.

И двата инциденти следеа по отворениот раздор меѓу актуелниот и поранешниот претседател, Арбен Таравари и Зијадин Села пред настапот на партијата на следните избори.

Таравари е за заеднички изборен настап на Алијанса со опозициските партии на Албанците, а Села се повикува на одлуката на Централното собрание на партијата според која, АА треба има да има самостоен настап на изборите.

Би можело да ве интересира

Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него

Орце Костов

Мицкоски: Се слушнав со Таравари, во деновите што следат ќе разговараме со сите кои се против политиките на СДСМ и ДУИ

Анита Петровска Рајковиќ

„Вреди“ ги претстави носителите на сите шест изборни единици, програмата ќе ја промовираат следната недела

Tаравари: Македонија е безбедна земја и нема директна надворешна закана

Крилото на Таравари од Алијанса за Албанците ќе ја обжали судската одлука за спорот со печатите на партијата

Села тврди дека ги добил печатите од АА, Таравари најавува жалба доколку е донесена ваква одлука